Поради проблем со млин од Штип во кој се складирани 4.625 тони државна пченица, Агенцијата за стокови резерви бара нов складиштар кој ќе ја смести истата количина на меркантилна пченица наменета за државни резерви. Со одлука од Владата донесена на 9 април годинава, се продаваат 4.625 тони меркантилна пченица од стоковите резерви по почетна цена од 15,04 денари со вклучен ДДВ, на паритет франко силоси Штип. Се продава целата количина, односно истата не е деллива. Според огласот, право на учество имаат сите домашни физички и правни лица, а за учество сите учесници треба задолжително да уплатат депозит или да имаат банкарска гаранција во висина од 20% од вкупната количина на пченицата која се продава. Најповолни понудувачи ќе бидат оние кои ќе имаат највисока цена. Јавното наддавање ќе се изврши на 8 мај годинава.
Поради проблем со млин од Штип во кој се складирани 4.625 тони државна пченица, Агенцијата за стокови резерви бара нов складиштар кој ќе ја смести истата количина на меркантилна пченица наменета за државни резерви.
Според огласот што го објави Агенцијата, со одлука од Владата донесена на 9 април годинава, се продаваат 4.625 тони меркантилна пченица од стоковите резерви по почетна цена од 15,04 денари со вклучен ДДВ, на паритет франко силоси Штип. Се продава целата количина, односно истата не е деллива.
Според огласот, право на учество имаат сите домашни физички и правни лица, а за учество сите учесници треба задолжително да уплатат депозит или да имаат банкарска гаранција во висина од 20% од вкупната количина на пченицата која се продава. Најповолни понудувачи ќе бидат оние кои ќе имаат највисока цена. Јавното наддавање ќе се изврши на 8 мај годинава.
- Објавивме оглас за продажба на 4.625 тони пченица од стоковите резерви поради проблем со складиштарот каде досега се чуваше и сега бараме друг складиштар во кој ќе се складира пченицата. Очекуваме дека ќе има интерес и дека ќе постигнеме добра цена - велат од Агенцијата за стокови резерви.
Во изминатите неколку години неколку млинови во кои се складираше државната пченица на чување во неколку наврати ги злоупотребија своите надлежности и продадоа дел од количината. Агенцијата навремено реагираше за да се избегнат поголеми штети.